Руската вакцина доби зелено светло во Србија
Масовната вакцинација со „Спутник V“, веројатно, ќе почне во втората половина на јануари.
Србија одлучи да даде зелено светло на руската вакцина против ковид-19. Вакцината „Спутник V“ ги помина сите потребни тестови во Агенцијата за лекови и медицински помагала.
Квалитетот на руската вакцина е потврден и може да почне да се дава, информираа српските власти. Во Србија веќе пристигнаа 2.400 дози од вакцината „Спутник V“, а на почетокот на 2021 година се очекува значително поголема количина.
Масовната вакцинација со „Спутник V“, веројатно, ќе почне во втората половина на јануари.
Вакцинирањето против коронавирус со вакцината на компаниите „Фајезер“ и „Бионтек“ започна во Србија на 24 декември.