РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА СПЦ Тоа е надминување на полувековниот раскол со МПЦ

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската сестринска црква да ја обнови комуникацијата со Македонската православна црква, Охридската архиепископија, рече Балашов, истакнувајќи дека тоа претставува „надминување на полувековниот црковен раскол“.

602

Руската православна црвка ја поздравува одлуката на Српската црква да ја обнови канонската комуникација со Македонската црква, изјави протојереј Николај Балашов, заменик-претседателот на Оделението за надворешни црквени односи (ДЕЦР) на Московската Патријаршија, пренесоа неколку српски медиуми.






„Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската сестринска црква да ја обнови комуникацијата со Македонската православна црква, Охридската архиепископија, рече Балашов, истакнувајќи дека тоа претставува „надминување на полувековниот црковен раскол“, се вели во објава на Телеграм.

Соборот на СПЦ денес издаде соопштениe со кое за МПЦ го прифаќа статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година.

Во соопштенеито се наведува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ, раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво согласно канонските и црковните норми и принципи, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под на ничие влијание или притисок.

По одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај со кое ја призна МПЦ-ОА за канонска црква, секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук минатата недела изјави дека РПЦ „ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква во Северна Македонија“.

Поврзани содржини