Медицинскаta сестра од Русија, која стана популарна откако беше фотографирана како носи само долна облека под заштитниот костум на одделението за пациентите заразени со коронавирус, веќе доби манекенски ангажман. А, сега таа стана и ТВ водителка.
Надежда Жукова (23), која носеше проѕирна заштитна наметка, додека им даваше лекови на пациентите, беше во мај под дисциплинска постапка.
Медицинската сестра тогаш се пожалила дека е „премногу топло“ во заштитните костуми, а дисциплинската постапка беше стопирана по големиот притисок на јавноста.
Сега на Надежда ѝ е понудена улогата на водителка на временската прогноза на локалната ТВ станица во Тула, јужно од Москва, но таа сепак ќе продолжи да работи и како медицинска сестра.
Бидејќи привлече внимание, неодамна ѝ беше понуден и манекенски ангажман. Таа стана модел на руски бренд за спортска облека, но инсистира на тоа дека ништо нема да ја оддалечи од нејзината кариера во здравството.
– За мене тоа е голема работа. Ви благодарам што ми дозволивте да се обидам. Моите родители ќе ме гледаат на телевизија, но навечер, после работа – кратко изјавила Надежда по повод идната работа на телевизија.
Во мај, гувернерот на Тула, Алексеј Дијумин, близок соработник на Путин и негов поранешен телохранител, силно ја поддржа Надежда, па казната беше отфрлена.