📷 РУСКА АМБАСАДА ОБЈАВИ КАРТА НА КОЈА КРИМ Е ДЕЛ ОД УКРАИНА По бурните реакции објавата е избришана

Објавата од Амбасадата на Русија во Јужна Африка содржела светска мапа на која во границите на Украина се прикажани источните делови на нејзината територија за кои Русија тврди дека ги анектирала, како и Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

655

Амбасадата на Русија во Јужна Африка сподели мапа на интернет на која е прикажан анектираниот полуостров Крим како дел од Украина. Целта на објавата на Твитер профилот на амбасадата била да се промовира БРИКС како растечка организација.

Наместо тоа, од објавата произлезе дека руската амбасада го признава Крим како дел од Украина, пишува Newsweek.






Објавата содржела светска мапа на која во границите на Украина се прикажани источните делови на нејзината територија за кои Русија тврди дека ги анектирала, како и Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Сегашните и потенцијалните членови на БРИКС се означени со посебна боја на картата. Основачи на организацијата се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Оваа година, шест дополнителни земји беа поканети да се приклучат на блокот: Етиопија, Аргентина, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Иран.

Украина и нејзините сојузници во Европската унија и НАТО не ги признаваат руските претензии за Крим и источна Украина и повикаа наведените територии целосно да се вратат под контрола на Киев.

Откако беше објавено рано вчера, објавата на руската амбасада привлече повеќе од 292.000 прегледи, како и голем број коментари. Објавата набрзо беше отстранета.

Поврзани содржини