Руска амбасада: Лажна вест е дека „српски посредник“ учествувал во набавка на вакцини за Македонија

Сите преговори се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство, и токму на овој начин беа постигнати конечни договори - велат од руската амбасада во Македонија

405

Руската амбасада во Македонија ги демантираше информациите дека вакцината „Спутник V“ во земјава пристигнува преку посредник.

– Амбасадата не ги коментира изјавите на поединечни лица, без оглед на тоа колку се фантастични. Во исто време, земајќи ја предвид посебната важност на ова прашање за граѓаните на Македонија, овој пат ќе направиме единствен исклучок – немаше и нема да има никакви посредници во набавката на вакцини за РСМ: Сите преговори се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство, и токму на овој начин беа постигнати конечни договори – велат од руската амбасада во Македонија за Сител.






Ова доаѓа откако Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија за Ал Џезира изјави дека бил посредник за руската вакцина со 3 балкански земји. Тој вели дека набавил пола милион дози Спутник за Босна и Херцеговина, а посредувал и за набавката со Бугарија, Алжир и Македонија.

Поврзани содржини