РУСИТЕ ЗАЗЕДОА ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА Во установата се наоѓаат 670 пациенти

830

Руските сили ја презедоа контролата врз психијатриската болница во градот Бородјанка во областа Киев, во Украина, со 670 лица, изјави денеска регионалниот гувернер Олексеј Кулеба за локалните медиуми.

– Сега не знаеме како да ги евакуираме овие луѓе, како да им помогнеме. Им снема вода и лекови – рече Кулеба.






Тоа се луѓе со одредени посебни потреби, им треба постојана помош… многу од нив се врзани за кревет со години, појасни регионалниот гувернер.

Поврзани содржини