🎥 РУСИТЕ ЗАД СЕБЕ ОСТАВААТ ПУСТОШ Украинците објавија снимка од градот Часив Јар по рускиот напад
Снимките од дрон покажуваат дека во украинскиот град Часив Јар речиси и да нема неоштетени згради.
Украинскиот град Часив Јар е целосно уништен од руските ракетни напади. Украинските војници од 255 јуришен баталјон кој се бори на источниот фронт, објави снимки од уништениот украински град, кој руските сили го напаѓаат и се обидуваат да го освојат со месеци.
Зруйнований Часів Яр. Відео: батальйону “Чорний лебідь” pic.twitter.com/qFTtGsKuk1
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) April 16, 2024
Снимките од дрон покажуваат дека во уништениот градот речиси и да нема неоштетени згради. Во близина на куќите има кратери од руски гранати и ракети, како и паднати дрвја.
На видеото се гледа црквата и детските игралишта кои исто така биле цел на руските напади.