РУСИТЕ ЗА ПРВПАТ ВО ВОЈНАТА НАПАДНАА ОД ПОДМОРНИЦА Руско министерство објави видео од ракетата „Калибар“

Ова е првпат руската војска да извести за употреба на подморнички напади врз украински цели. Руската флота во Црното Море неодамна претрпе тежок удар кога нејзиниот команден брод „Москва“ беше потопен.

1,026

Дизел подморницата стационирана во Црното Море првпат е употребена за напад на украински цели со крстосувачки ракети „Калибар“.

Видеото што го сподели руското Министерство за одбрана покажува серија проектили кои се истрелани од морето кон хоризонтот.






Русија соопшти дека ракетите погодиле украински воени цели, но тоа не може да се потврди независно.

Ова е првпат руската војска да извести за употреба на подморнички напади врз украински цели. Руската флота во Црното Море неодамна претрпе тежок удар кога нејзиниот команден брод „Москва“ беше потопен.

Поврзани содржини