РУСИТЕ ВЕЧЕРВА ЌЕ НАВИВААТ ЗА СРБИЈА Србите ќе се соочат со Бразилците

Руската фудбалска репрезентација ѝ посака среќа на Србија пред почетокот на Светското првенство во 2022 година.

81

Првото коло од Г-групата ќе биде заокружено вечерва со натпреварот Србија – Бразил од 20 часот.

Руската фудбалска репрезентација ѝ посака среќа на Србија пред почетокот на Светското првенство во 2022 година. Србија вечерва ги почнува настапите на Мундијалот во Катар.






– Среќно на Светското првенство! Веруваме во вашиот успех, браќа! – се вели во пораката на српски јазик, објавена од прес-службата на рускиот тим.

Денес на Мундијалот во Катар уште играат:
Уругвај – Јужна Кореја (14 часот)
Португалија – Гана (17 часот).

Денеска Швајцарија го победи Камерун со 1:0 на отворањето на петтиот ден од Светското фудбалско првенство во Катар. Победничкиот гол на средбата одиграна во Ал Вакрах го постигна Брел Емболо во 48. минута по асистенцијата на Џердан Шакири.

Поврзани содржини