Русите со нетрпение го дочекаа! Испорачан првиот „Су-57“, суперловецот покажа што може (ВИДЕО)
„Сухој-57“ е дизајниран да уништи секаков вид на мета, и во воздухот и на земјата.
Првата испорака на борбениот авион од петтата генерација „Сухој-57“ беше доставена до Јужниот воен округ, изјави неименуван извор за „ТАСС“.
– Воздушната флота го доби првиот авион „Сухој-57“. Тие беа доставени до полкот во Јужниот воен округ – рече изворот, додавајќи дека уште четири авиони ќе бидат доставени до воздушната флота во 2021 година.
Извршниот директор на корпорацијата „Ростех“ (Руска државна технолошка корпорација), Сергеј Чемезов, на 7 декември изјави дека првиот сериски изработен „Сухој-57“ ќе биде испорачан во флотата до крајот на 2020 година, а првиот „Сухој-57“ со втората генерација мотори ќе се состави во 2022 година.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека на состанокот на министерството било договорено 22 борбени авиони од овој тип да бидат испорачани во флотата до крајот на 2024 година, а според договорот со производителот, 76 треба да бидат испорачани до 2028 година.
„Сухој-57“ е дизајниран да уништи секаков вид на мета, и во воздухот и на земјата.
Станува збор за суперсоничен авион, со специјално оружје, стелт технологија и најнова контролна табла.