РУСИТЕ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА? Паника завладеа меѓу граѓаните откако експертите ги видоа сателитските снимки (ВИДЕО)

Сега има неколку индикации дека војниците почнале да се преселуваат во други кампови за да се приклучат на нивната претходно инсталирана опрема, напиша Томас Булок, аналитичар во Џејнс.

970

Новите сателитски снимки до кои дојде Си-Ен-Ен покажуваат дека големата база со руски тенкови, артилерија и муниција во близина на украинската граница е во голема мера испразнета, а опремата очигледно е поместена многу поблиску до границата во последните денови.

Базата се наоѓа во Јелња, југоисточно од градот Смоленск и на околу 260 километри од украинската граница. Големото количество оружје беше пренесено таму на крајот на 2021 година, вклучувајќи околу 700 тенкови, борбени возила и фрлачи на балистички ракети.






Поголемиот дел од таа опрема сега исчезна, според радарските сателитски снимки од 6 февруари. На снимките се гледаат и траги од возила кои заминуваат.

Стивен Вуд, постар директор на компанијата за сателитски снимки Макар, изјави за Cи-Ен-Ен: „Ми се чини дека значителна количина возила (тенкови, самоодна артилерија и други помошни возила) го напуштија североисточниот паркинг, дополнителни оклопни возила го напуштија централниот дел од паркингот“.

 

Конрад Музика, експерт за следење на воените движења во Рохан Консалтинг, вели дека она што се случило во Јелња е една од неколкуте „важни промени во составот на руските сили и нивните локации“.

 

– Влегуваме во нова фаза на акумулација на војници, каде што гледаме дека однапред поставените единици се пополнуваат со дополнителен персонал и дека оваа опрема веројатно се преместува во демонстрационите зони – рече тој.

Видеата на социјалните мрежи снимени во последните денови покажуваат дел од таа опрема во качена на возови и на патиштата, а кои се многу појужно, во регионот на Брјанск, кој е блиску до Украина. Оклопните возила се од истите единици кои претходно беа поставени во Јелња.

 

– Сега има неколку индикации дека војниците почнале да се преселуваат во други кампови за да се приклучат на нивната претходно инсталирана опрема – напиша Томас Булок, аналитичар во Џејнс.

– Видео објавено на социјалните мрежи укажува дека некои војници од Сибир, чија опрема веќе е преместена на локации во Смоленск и Брјанск, се во процес на распоредување“, додава Булок.

Документот на американското разузнавање од 3 декември 2021 година вклучува сателитски снимки кои покажуваат дека локацијата во Јелња била празна во јуни но до ноември таму биле распоредени пет баталјонски тактички групи, од кои секоја содржела околу 1.000 војници и елементи за поддршка. Поголемиот дел од опремата и припаѓа на 41-та комбинирана армија, која се наоѓа во рускиот централен воен округ и е со седиште во Новосибирск, Сибир.

Музика вели дека и на други места се забележани значајни движења на војската.

 

– Гледаме огромен прилив на возила и персонал во Курск – напиша тој на Твитер во неделата. Курск е на околу 100 километри од границата со Украина.

Филип Карбер од Фондацијата Потомак во Вашингтон, кој исто така детално ги проучувал движењата на руските трупи, изјави за Си-Ен-Ен дека „најсилната руска офанзивна формација – Првата гардиска тенковска армија, која е стационирана во областа на Москва – се преселила 400 километри јужно и е стационирана во оптималната област за брза оклопна офанзива на инвазиската рута Хурск-Киев“.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во неделата изјави за Еј-Би-Си Њуз дека САД веруваат дека постои „многу јасна можност Владимир Путин да нареди напад врз Украина. Тоа може да се случи утре или може да потрае уште неколку недели“.

Одделно, американски официјални лица изјавија за Си-Ен-Ен во текот на викендот дека рускиот претседател Владимир Путин сега собрал 70 отсто од воениот персонал и оружје на границите на Украина што ќе му бидат потребни за целосно да ја нападне земјата. Ова вклучува растечка сила во јужна Белорусија.

Кремљ постојано негираше какви било планови за воена офанзива против Украина.

 

Поврзани содржини