Русите проценија дека Србија има услови да ја произведува „Спутник V“

Рускиот амбасадор во Србија Александар Бочан-Карченко изјави дека испитувањето на можноста за производство на вакцината во Србија отвора нова фаза на соработка меѓу двете земји.

1,000

Делегација од руски експерти, кои утрово пристигнаа во Србија, проценија дека постојат технолошки услови за првата фаза на производство на вакцината „Спутник V“ во Србија.

По состанокот на српската и руската делегација во Палата Србија, министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ рече дека првата фаза на производство на вакцини вклучува транспорт на супстанцијата неопходна за производство на вакцини, полнење, пакување и дистрибуција.






Според руските експерти, таа фаза ќе трае меѓу два и три месеци, а „целосниот циклус на производство ќе трае меѓу девет и десет месеци“.

– На тој начин, Србија ќе биде првата земја во Европа што произведува вакцина – рече Поповиќ, додавајќи дека седум европски земји, вклучувајќи ги Германија, Австрија, Унгарија и други, веќе изразија желба тие „итно“ да започнат со производство вакцини.

Рускиот амбасадор во Србија Александар Бочан-Карченко изјави дека испитувањето на можноста за производство на вакцината во Србија отвора нова фаза на соработка меѓу двете земји.

– Нашата цел е да имаме пријатели и соработка во целта што сега ги обединува сите, а тоа е борбата против пандемијата на коронарниот вирус. Пријателството со Русија може да се види и од фактот дека голем број српски граѓани сакаат да се вакцинираат со вакцината „Спутник V“ – смета Карченко.

Директорката на белградскиот институт „Торлак“, Вера Стоиjковиќ, рече дека делегацијата на тој институт ја посетила фабриката за производство на вакцината „Спутник V“ во регионот Владимир во Русија пред две недели.

– Ние ја знаеме технологијата што ја видовме во фабриката. „Торлак“ ја има технологијата и има експерти кои се подготвени да одговорат на оваа задача за производство на вакцините и се надеваме дека нашите колеги од Русија ќе можат да ја видат – заклучи Стоиjковиќ.

Поврзани содржини