РУСИТЕ ПОВТОРНО УДРИЈА СО „КИНЖАЛ“ Хиперсонична ракета за која не постои одбрана (ВИДЕО)

„Авијациските ракетни системи кинжал со хиперсонични балистички ракети уништија големо складиште за гориво на украинските вооружени сили во близина на населбата Костјантинивка во регионот на Николаев“, соопшти руското Министерство за одбрана.

6,123

Русија соопшти денеска дека повторно ги истрелала своите најнови хиперсонични ракети во Украина, уништувајќи складиште за гориво на југот на земјата.

„Авијациските ракетни системи кинжал со хиперсонични балистички ракети уништија големо складиште за гориво на украинските вооружени сили во близина на населбата Костјантинивка во регионот на Николаев“, соопшти руското Министерство за одбрана.






Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека  цел на нападите во саботата навечер и денеска наутро е воената инфраструктура на Украина.

„Крстосувачки ракети „Калибар“ беа лансирани од Црното Море кон фабрика во градот Нижин, која ги поправа украинските оклопни возила оштетени во борбите“, рече Конашенков.

Русија лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Каспиското Море и суперсонични ракети „Кинжал“ од воздушниот простор на Крим за да го уништи складиштето за гориво што го користи украинската армија, додаде Конашенков.

На социјалните мрежи е прикажано видео од наводниот лет на ракетата, за што немаме потврда од ниту една страна инволвирана во конфликтот.

 

Поврзани содржини