РУСИТЕ ПАК ПЛАНИРААТ ДА ГО ГРАНАТИРААТ ЗАПОРОЖЈЕ Украинците обвинуваат за можна катастрофа

Како што пренесува Киев Индипендент, претставници на разузнавањето тврдат дека руските сили планираат нов напад врз нуклеарната централа Запорожје и блискиот град Енерходар.

178

Украинското воено разузнавање тврди дека Русите повторно планираат да ја гранатираат нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, која е под окупација на руските сили. Како што пренесува Киев Индипендент, претставници на разузнавањето тврдат дека руските сили планираат нов напад врз нуклеарната централа Запорожје и блискиот град Енерходар.

Работата на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, во текот на ноќта е целосно прекината како мерка за безбедност на централата, соопшти денеска украинската енергетска компанија „Енергоатом“.






Компанијата прецизираше дека го исклучила шестиот реактор на нуклеарната централа од електричната мрежа во 03:41 часот по локално време.

„Во тек се подготовки за да се излади и да се доведе во студена состојба“, соопшти Енергоатом.

Компанијата додаде дека вчера успеала да ја обнови инфраструктурната врска на централата со електричниот систем, кој, според „Енергоатом“, бил оштетен од руско гранатирање. На овој начин повторно стана возможно централата да се напојува од украинскиот енергетски систем.

 

Поврзани содржини