📽 РУСИТЕ ОСТАВИЛЕ ОТВОРЕН ХАНГАР, УКРАИНЦИТЕ ИМ ВЛЕГЛЕ СО ДРОНОВИ Тенковите ги гаѓаат како на стрелиште

Импликацијата е дека Украинците го прошириле дострелот на нивните квадрокоптери, веројатно користејќи ги во долга формација со поголем дрон „репетитор“ кој фаќа и реемитува командни сигнали. Со помош на дрон репетитор, јуришните дронови може да достигнат и до 20 километри.

1,507

Охрабрена од заземањето на Авдијивка, поранешно украинско упориште во источна Украина, руската војска наводно испратила некои од своите најдобри оклопни возила во јужна Украина во очекување на посебна офанзива. Но, украинските сили лоцираа магацини каде што Русите криеја тенкови Т-72 и Т-80, борбени возила БМП-3 и инженерски возила БРЕМ.

А потоа некои многу вешти украински оператори со беспилотни летала од Независната претседателска бригада внесоа беспилотни летала натоварени со експлозив низ отворените врати на магацинот и систематски ги уништуваа возилата внатре.






„Како на стрелиште“ – вели украинскиот медиум Цензор.

Наскоро магацините изгореа. А возилата внатре – два тенкови, БРЕМ, БМП и неколку камиони со оружје и снабдување вредни милиони долари заедно – изгореа во низа. Има видео од целиот напад, пишува Форбс. Цената на нападот за Украинците? Само 5000 долари, наведува Цензор.

Нападот со беспилотни летала е импресивен не само поради исклучителната вештина на украинските оператори, туку и поради очигледниот опсег на ударот. Руската армија веројатно повеќе нема да паркира тенкови и БМП во магацини на неколку километри, односно во дострелот на украинските беспилотни летала со тежина од само еден килограм.

Импликацијата е дека Украинците го прошириле дострелот на нивните квадрокоптери, веројатно користејќи ги во долга формација со поголем дрон „репетитор“ кој фаќа и реемитува командни сигнали. Со помош на дрон репетитор, јуришните дронови може да достигнат и до 20 километри.

Меѓутоа, ако Украинците би можеле да лоцираат складишен комплекс полн со тенкови на 17 километри зад линијата на фронтот, зошто да не го нападнат со многу потешко оружје од беспилотните летала – артилерија, ракети, дури и касетни бомби – и да постигнат итно уништување на целиот комплекс?

Одговорот е очигледен. Соединетите Американски Држави се главниот снабдувач со тешка муниција за Украина, а републиканците, кои се наклонети кон Русија, од октомври минаттаа годинаодбиваат да гласаат за нова помош за Украина во американскиот Конгрес. На украинските сили им снемува тешко оружје.

Сепак, не им снемува дронови. Мрежа од илјадници мали работилници низ Украина, финансирани во голем дел од мали донации, произведуваат најмалку 50.000 дронови месечно. Сè повеќе овие беспилотни летала од 500 долари извршуваат задача што артилеријата би ја направила побрзо и поразорно.

„Во оваа смисла, нападот врз магацините е лоша вест за Украина. Да, за Русите е срамно што изгубија речиси комплетна компанија возила во напад на неколку мали дронови на километри далеку од фронтот. Но, за Украинците е подеднакво незгодно што немале друг избор освен да нападнат со беспилотни летала наместо, да речеме, со ракети М30/31“ – заклучува Форбс.

Поврзани содржини