РУСИТЕ НОЌЕСКА СОБОРИЛЕ 123 УКРАИНСКИ ДРОНОВИ Под бараж десетина руски региони

Градоначалникот на Москва соопшти дека системот за противвоздушна одбрана соборил дрон кој летал кон Москва. Претходно беше објавено дека се уништени уште два украински дрона насочени кон руската престолнина.

2

Руските системи за противвоздушна одбрана синоќа соборија 123 украински дронови над десетина руските региони, како и на Азовското и Црното Море, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Во текот на изминатата ноќ, од 20:00 часот по московско време на 4 јуни до 7:00 часот наутро по московско време на 5 јуни, системите за тревога за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 123 украински беспилотни летала над териториите на Белгородскиот, Брјанскиот, Воронежскиот, Калушкиот, Курскиот, Нижни Новгородскиот, Орјолскиот и Тулскиот регион, Московскиот регион, Република Крим и над водите на Азовското и Црното Море“, се вели во соопштението.






Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин информираше дека системот за противвоздушна одбрана соборил дрон кој летал кон рускиот главен град. Претходно беше објавено дека се уништени уште два украински дрона насочени кон руската престолнина.

Поврзани содржини