РУСИТЕ НА ДРЖАВНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ГО ПОДБРАА ШВАРЦЕНЕГЕР По апелот на актерот (ВИДЕО)
Актерот сакаше да им ја открие на Русите, како што рече, вистинската вистина за војната на Путин.
Русите извесно време ја игнорираа обраќањето на холивудскиот актер Арнолд Шварценегер, но сега го нападнаа руските државни медиуми. Говорот што тој им го одржа, меѓу другото го нарекоа и холивудска продукција.
Актерот објави апел за прекин на војната на Инстаграм, каде го следат 22 милиони луѓе. Тој сакаше да им ја открие на Русите, како што рече, вистинската вистина за војната на Путин.
Телевизискиот водител Вадим Гигин жестоко возврати во емисијата „Недела вечер со Владимир Соловјов“.
– Тоа е лицето од насловните страници на американскиот империјализам и колонијализам. Тој во Калифорнија ќе ни ја каже нам, кои живееме овде… вистината – рекол тој за Шварценегер.
Руските медиуми одлучија да му одговорат на актерот откако неговото обраќање почна да се шири на Телеграм, на кој се префрлија голем број Руси по блокадата на Инстаграм во нивната земја.
I love the Russian people. That is why I have to tell you the truth. Please watch and share. pic.twitter.com/6gyVRhgpFV
— Arnold (@Schwarzenegger) March 17, 2022