📷 РУСИТЕ ИМАЛЕ ТАЕН ПЛАН ДА ГО СПАСАТ НАВАЛНИ, НО… Откриени нови сознанија за акцијата на анти-путинистите
Планот на рускиот доброволен корпус, единица составена од Руси противници на Владимир Путин кои се борат на страната на Украинците, бил да го ослободи Навални со напад на конвојот што го превезувал до „Поларниот волк“, односно казнената колонија ИК-3 во рускиот арктички круг, која се наоѓа на 1.900 километри од Москва.
Рускиот волонтерски корпус имал разработен план да го спаси сега веќе починатиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Како што пишува германскиот весник „Билд“, тие се обиделе да го извлечат Навални од суров затвор на далечниот север на земјата и да го префрлат на границата со Украина. Волонтерскиот корпус имал разработен план.
Весникот наведува дека планот на рускиот волонтерски корпус, единица составена од Руси противници на Владимир Путин кои се борат на страната на Украинците, бил да го ослободи Навални со напад на конвојот што го превезувал до „Поларниот волк“, односно казнената колонија ИК-3 во рускиот арктички круг, која се наоѓа на 1.900 километри од Москва.
Билд наведува дека пренел објава од социјалните мрежи на тој корпус, во која е опишано дека планот бил борците на оваа единицата да го извлечат Навални од транспортниот конвој до ИК-3 во регионот Јамал-Ненец и тој веднаш да биде префрлен на границата со Украина.
По нападот, групата требало да се упати кон Украина и да се спои со разузнавачката група на рускиот волонтерски корпус, а крајната цел била да побараат азил за Навални.
Интересно е и тоа што овие анти-путинисти имале симпатизери и во рускиот затворски систем, пишува Билд, но се наведува дека ниту тие не биле доволни за да се спречи разоткривањето на намерата.
„Датумот и времето на префрлањето во затворската колонија се менуваа неколку пати, а кога конечно започна трансферот, група на Навални немаше време да стигне до областа планирана за оваа операција“, објаснуваат од рускиот волонтерски корпус, пренесува Вечерњи лист.
Подоцна групата планирала нова акција за да го извлече Навални од овој суров затвор. Посебно е интересно што оваа група објавила и неколку принтскринови од екранот на кој наводно е рускиот опозициски лидер на преодниот пункт каде што требало да биде префрлен во „Поларниот волк“.
Едното видео го прикажува Навални во затворската кројачка работилница, а другото во канцеларијата на затворскиот управник.
The Russian Volunteer Corps (RVC), a Russian paramilitary unit fighting alongside the Ukrainian Armed Forces, has revealed it planned to rescue Alexey Navalny from his penal colony in central Russia in October.
🔗: https://t.co/UalSzDpA0I pic.twitter.com/VOLAeGXZBL
— Novaya Gazeta Europe (@novayagazeta_en) February 20, 2024
„Одметнатите“ Руси објавија и план на локацијата како и информации за работниците во затворскиот систем. Но нивните акции за спасување на Навални биле задоцнети или пресретнати и тие не успеале да го спасат Навални кој на 16 февруари почина во затворската колонија.
„За жал, не успеавме да го спасиме Алексеј. Но, сè уште има стотици политички затвореници без слобода. Веруваме и работиме на тоа да ги извадиме од канџите на режимот“ – велат од Рускиот доброволен корпус..
Засега сè уште не е јасно каква врска има Рускиот волонтерски корпус со организацијата на Навални. Она што се знае за нив е дека на 2 март 2023 година тврделе дека ја преминале границата и извршиле напад во селата Љубечан и Сушани, во Брјанската област.
Официјална Русија соопшти дека напаѓачите отвориле оган врз автомобилот, убивајќи двајца цивили, пред Федералната служба за безбедност да ги принуди да се вратат во Украина.
На 9 март, Русија започна низа ракетни напади врз украинската цивилна инфраструктура, што ги нарече „одмазда“ за нападот. Рускиот волонтерски корпус ја презеде одговорноста за наводниот прекуграничен напад и објави видео снимки од оружени лица во Љубечан со нивните обележја, повикувајќи ги Русите да „застанат и да се борат“ против владеењето на Владимир Путин.