РУСИТЕ ИМААТ ПЛАН ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ЗАПОРОЖЈЕ Двајца загинати во Бахмут, битки се водат во Доњецк

Знаејќи за подмолноста, непромисленоста и немилосрдноста на режимот во Киев, кон луѓето што јавно ги нарекува своите граѓани, ние, се разбира, подготвени за каков било развој на ситуацијата и затоа, развивме план за евакуација на населението во случај да стане неопходно, рече Балички.

437

Властите на регионот Запорожје се подготвени за каков било развој на настаните во врска со нуклеарната централа, а меѓу другото, изработен е и план за евакуација на населението, изјави денеска за Спутник шефот на руската воено-цивилна администрација на регионот, Евгениј Балицки.

– Во моментов, нуклеарната централа Запорожје работи како и обично. Нивото на радијација е во рамките на нормалните вредности. Но, знаејќи за подмолноста, непромисленоста и немилосрдноста на режимот во Киев, кон луѓето што јавно ги нарекува своите граѓани, ние, се разбира, подготвени за каков било развој на ситуацијата и затоа, развивме план за евакуација на населението во случај да стане неопходно – рече Балички.






Украинците и Русите продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за гранатирање во близина на нуклеарната централа Запорожје, при што Украина соопшти дека руските сили пукале на области веднаш преку реката од комплексот, а Русија вели дека украинските гранати погодиле зграда во која се наоѓа нуклеарно гориво, пренесува Б92.

Двајца загинати Бахмут, битки во Доњецк

Две лица загинаа во рускиот напад на Бахмут, изјави во саботата гувернерот на регионот на Доњецк, Павло Кириленко. Овој источен град е значајна цел за руските и сепаратистичките сили кои сакаат да преземат контрола врз делови од Доњецк.

 Истовремено, борците на руската воена група „Вагнер“ уништија „непријателски позиции кај Артјомовск со наведувани проектили“.

Во градот Солдеар во Доњецката Народна Република специјалните руски единици „Ахмат“ запленија американско оружје поставно покрај градот, покажува видео на Телеграм кое тие го постирале.

фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Полска и Чешка ќе го бранат небото над Словачка

Воздухопловните сили на Полска и Чешка ќе патролираат над воздушниот простор на Словачка откако таа ќе престане да користи ловци МиГ-29, соопшти полското радио.

„Министерот за одбрана на Полска Мариуш Блашак заедно со министерката за одбрана на Чешката Република Јана Чернохова и министерот за одбрана на Словачка Јарослав Наѓ потпишаа декларација за заштита на словачкото небо од полските и чешките воздушни сили. Мисијата започнува на 1 септември и ќе трае година и пол“, се вели во соопштението.

Декларацијата беше потпишана во воздухопловната база Кучина во Словачка.

Полскиот министер за одбрана појасни дека неколку ловци Ф-16 ќе патролираат на словачкото небо од полска страна.

 

Поврзани содржини
na