РУСИТЕ ИМ ВОЗВРАТИЈА НА ГЕРМАНЦИТЕ Дојче веле доби забрана за емитување во Русија

Потегот на Москва е одмазда за вчерашната одлука на германскиот регулатор, кој ги блокираше преносите на рускиот ТВ канал RT DE. Кремљ ја критикуваше наредбата како „ништо помалку од напад на слободата на говорот“.

696

Русија воведе забрана за германскиот меѓународен радиодифузер Дојче веле, воедно ја затвора неговата канцеларија во Москва и ќе ја одземе акредитацијата на новинарите од медиумот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Москва.

Потегот на Москва е одмазда за вчерашната одлука на германскиот регулатор, кој ги блокираше преносите на рускиот ТВ канал RT DE. Кремљ ја критикуваше наредбата како „ништо помалку од напад на слободата на говорот“.






Комисијата за лиценцирање и надзор (ЗАК), која е одговорна за регулирање на медиумите во Германија, му забрани на каналот на германски јазик RT DE да емитува програма во земјата, наведувајќи дека нема дозвола за емитување.

РТ, поранешна Раша Тудеј, – се емитува на меѓународно ниво на шест јазици и тврди дека нејзината програма на германски јазик придонесува за различноста на мислењата во Европа. Во меѓувреме, критичарите ја обвинуваат РТ дека е гласноговорник на Кремљ и се користи за ширење пропаганда и дезинформации.

Дојче веле или ДВ е германски државен 24-часовен информативен канал финансиран од федералниот даночен буџет. Се емитува програма на германски, англиски, шпански и арапски јазик.

Поврзани содржини