РУСИТЕ ГО ПРИЗЕМЈУВААТ АМЕРИКАНСКИОТ АСТРОНАУТ Ќе се сруши ли Меѓународната вселенска станица?

Американскиот астронаут безбедно ќе се приземји со руските колеги, но постои поголем проблем. Санкциите кон Русија и застојот на руската капсула која нема да има кој да ја сервира би значеле дека Меѓународната вселенска станица може да падне на неодредено место на земјата.

308

Американецот Марк Ванде Хеи кој престојува во рускиот модул на Меѓународната вселенска станица(МВС) ќе се врати безбедно на Земјата заедно со руските колеги Шкаплеров и Дубров, јавија од руската агенција Роскосмос, демантирајќи ги стравувањата на „Фокс Њуз“ дека санкциите кон Русија ќе предизвикаат тој да биде оставен во капсулата.

„Роскосмос никогаш никому не дозволил да се сомнева во неговата веродостојност како партнер“, велат од компанијата.






Но, тоа не е единствениот проблем. Според Дмитриј Рогозин, шефот на Роскосмос, санкциите можат да направат Меѓународната вселенска станица тешка 500 тони да падне „во морето или на копно“.

„Рускиот сегмент обезбедува корекција на орбитата на станицата (во просек 11 пати годишно), вклучително и за избегнување на вселенски отпад“, напиша Рогозин на социјалната мрежа Телеграм.

Рогозин ја објави ја мапата на локациите каде што е можно станицата да падне, истакнувајќи дека тоа веројатно нема да биде во Русија. Неодамна, тој ја објави својата намера да ѝ даде приоритет на изградбата на воени сателити бидејќи Русија се наоѓа себеси се поизолирана како резултат на војната во Украина.

 

Рогозин, исто така, најави дека Москва повеќе нема да ги снабдува моторите за американските ракети „Атлас“ и „Антарес“.

„Нека се вивнат во вселената на нивните метли“, напишал тој.

 

Поврзани содржини