📽 РУСИТЕ ГО ПОГОДИЈА „ЕПИЦЕНТАРОТ“ НА НИКОПОЛ Трговскиот центар е еден од најголемите во Денпропетровск
Ова беше еден од најголемите трговски центри во градот, со површина од повеќе од 5.100 метри квадратни. Ги снабдуваше сите околни населби и села. Не престана да работи од почетокот на инвазијата на Украина - рече Јулија Чудновец, претставничка на „Епицентар“.
Руски сили вчера го гранатираа трговскиот центар „Епицентар“ во Никопол во регионот Днепропетровск предизвикувајќи пожар кој се прошири на повеќе од 4.000 метри квадратни, соопштија украинските власти.
Во моментот на нападот трговскиот центар бил празен и немало жртви.
– Ова беше еден од најголемите трговски центри во градот, со површина од повеќе од 5.100 метри квадратни. Ги снабдуваше сите околни населби и села. Не престана да работи од почетокот на инвазијата на Украина – рече Јулија Чудновец, претставничка на „Епицентар“.
Покрај нападот на трговскиот центар, руската армија изврши уште два напади со беспилотни летала и артилерија во областа на Никопол, пишува Украинска правда.
– Повредена е една постара жена. Се запали станбена зграда, но службите за итна помош успеаја да го изгаснат огнот. Оштетени се шест приватни станбени куќи, три згради, автомобил и далновод – вели Серхиј Лисак, шеф на Воената управа на Днепропетровската област.
⚡ Russian troops hit one of the shopping centers in Nikopol, fire engulfed 4 thousand square meters. pic.twitter.com/jM5RQY04p4
— UNITED24 Media (@United24media) March 6, 2024