РУСИТЕ ГО ГАЃААТ КИЕВ Украинците со дронови нападнале во Брјанск и во Курск
Додека руските воени авиони утринава ја гаѓаат периферијата на Киев, украински дронови нападнале на руска територија до границата, во регионите Брјанск и Курск.
Украинската противвоздушна одбрана го одбива рускиот воздушен напад на периферијата на Киев, кој започна рано утринава, јавија светските агенции, повикувајќи се на воената администрација на украинската престолнина.
Извор сведочеше за агенциите дека слушнал звук од експлозии. Воздушна тревога е активирана низ цела Украина во 5 часот изутринава.
Од друга страна, руската воздушна одбрана уништи украински беспилотни летала над регионите Брјанск и Курск, јави руска новинска агенција, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија.
Се наведува дека Киев се обидел да нападне цели на руска територија во текот на ноќта и утринава. Руската воздушна одбрана уништи два дрона над регионите Брјанск и Курск, региони кои граничат со Украина.
Руското Министерство за одбрана не соопшти за жртви или материјална штета.
Гувернерот на Курск изјави дека дроновите направиле штета врз прозорци во станбена зграда и на техничкиот факултет.
⚡️A drone crashed into an apartment building in 🇷🇺Kursk, windows were broken on some floors, the blast wave also damaged windows in the building of the engineering faculty of the Kursk GAU, Governor Starovoit said pic.twitter.com/x8eZj4el3S
— 🇺🇦Ukrainian Front (@front_ukrainian) August 27, 2023