Русите го бомбардираа Путин со над милион прашања
ТВ каналот „Русија 24“ забележува дека вакцинацијата и борбата против ковид-19 се меѓу најпопуларните теми за кои Русите сакаат да го прашаат претседателот, во програмата „Директна линија“ што ќе се одржи денеска.
Русите му испратија над 1,2 милиони прашања на својот претседател Владимир Путин за ТВ програмата „Директна линија“.
Тасс јави дека до утринава, до 9 часот по московско време, биле примени точно 1.256.048 прашања за рускиот претседател, од кои 658.183 преку кол центарот, 331.070 прашања биле испратени преку СМС или ММС, на интернет страницата 129.336 и 103.972 преку мобилната апликација „Москва-Путин“.
Уште дополнителни 33.487 прашања биле примени преку социјалните мрежи.