РУСИТЕ ГИ ГАСАТ НАШИТЕ НУКЛЕАРКИ Зеленски го моли светот за помош
Блоковите на нашите украински нуклеарни централи денеска го намалија производството, еден блок автоматски се исклучи, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека денешните руски напади врз објектите од кои зависи работењето на нуклеарните централи во Украина имаат „ниво на напад што ниту еден терорист во светот не би го дозволил“.
Зеленски изјави дека Русите во текот на изминатата ноќ нападнале, меѓу другото, објекти од кои зависи работењето на нуклеарните централи, што, како што истакна, претставува закана не само за Украина, туку и за Европа.
– Блоковите на нашите украински нуклеарни централи денеска го намалија производството, еден блок автоматски се исклучи – рече Зеленски.
Тој го повика целиот свет да реагира на најновата ескалација на руските напади.
Изминатата ноќ, Русите ја нападнаа Украина со околу 400 беспилотни летала и 40 ракети од различни видови, главно насочени кон енергетски објекти, а во повеќето украински региони беа воведени итни прекини на електричната енергија.