РУСИТЕ ФАТЕНИ ОД САТЕЛИТ НА УКРАИНСКАТА ГРАНИЦА Протекоа фотографии од „наводната“ окупација (ФОТО)

Фотографиите ги објави „Фокс Њуз“, а ги направила сателитската компанија „Maxar Technologies“.

2,143

Сателитски снимки од распоредувањето на руската војска на украинската граница објавија неколку американски медиуми, а на снимките можат да се видат редици од оклопни возила и тешко вооружување на неколку локации за наводната окупација на Украина, пишува Индекс. Први објавија „Фокс њуз“, кои ја добиле снимката од американската сателитска компанија „Maxar Technologies“, која ги собирала изминатиот месец.

Еве некои од нив:






Пред неколку дена, протече и мапата од разузнавачкиот документ кој го објави „Вашингтон пост“ насловен „Потенцијал за 175 илјади руски сили во близина на Украина: докази за планирање и неодамнешно движење на артилерија, опрема и персонал“, руските сили се собираат на четири места. Во моментов на бојното поле се распоредени 50 тактички групи, заедно со „новопристигнатите“ тенкови и артилерија, се вели во документот.

 

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин подоцна денеска ќе имаат виртуелна средба. Американските власти им открија на медиумите дека Бајден отворено ќе му се закани на Путин со најстроги економски санкции кон Русија досега, доколку ја нападне Украина.

Интересно е што портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во понеделникот одби да гарантира дека САД нема да испратат свои војници во Украина во случај на руска окупација, на прашање од новинар на Ej-Би-Си.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, исто така, одби да ја исклучи можноста за испраќање дополнителни американски сили во Источна Европа, со речиси иста формулација. Тој додаде дека американските воени советници кои претходно биле испратени во Украина „ротираат“ на одредено време, но одби да каже колкумина се во земјата во моментот.

Поврзани содржини