РУСИТЕ ЌЕ ПРЕТРПАТ ОГРОМНА ШТЕТА Америка подготвува нови санкции ако ескалира ситуацијата во Украина

Очекуваната економска штета за Русија од воведувањето на овие санкции се очекува да достигне 50 милијарди долари, објави „Билд“.

893

САД предложија нови санкции против Русија во случај на ескалација на ситуацијата во Украина. Тие се однесуваат на ограничувањата на извозот на суровини и оружје и ограничувања на дипломатските контакти, пишува „Билд“, повикувајќи се на сопствени извори.

Според весникот, планот за санкции, претставен во Берлин, го подготвил шефот на ЦИА Вилијам Барнс.






Планот на западните сојузници им го „објаснил“ американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Станува збор за „блокирање на руските трговски патишта низ светот“, блокирање на снабдувањето со суровини од Русија, „прекин на патиштата за снабдување“ и „драстично намалување на персоналот на руските амбасади во западните земји“.

Очекуваната економска штета за Русија од воведувањето на овие санкции се очекува да достигне 50 милијарди долари, објави „Билд“.

Поврзани содржини