РУСИТЕ ЌЕ ПРАВАТ СВОЈ ИНСТАГРАМ Росграм стартува од 28 март, Инстаграмот забранет

Не е изненадувачки што руските програмери би создале клон на Инстаграм наместо платформа слична на Фејсбук, која исто така е блокирана во земјата. Инстаграм е многу попопуларен од Фејсбук во Русија, врз основа на бројот на преземања од App Store и Google Play.

655

Русија и официјално го блокираше Инстаграм како одговор на американските санкции, а наместо тоа ќе создаде свој Росграм. Од 28 март социјалната мрежа ќе биде достапна за корисниците, а ќе ја има за Андроид и за Ајфон. Ќе вклучува алатки за монетизација како што се платен пристап до содржина, алатка за групно финансирање и многу повеќе, пишува Протокол.

 






Не е изненадувачки што руските програмери би создале клон на Инстаграм наместо платформа слична на Фејсбук, која исто така е блокирана во земјата. Инстаграм е многу попопуларен од Фејсбук во Русија, врз основа на бројот на преземања од App Store и Google Play.

„Мојот партнер Кирил Филимонов и нашата група на програмери веќе беа подготвени за овој пресврт на настаните и решија да не ја пропуштат можноста да создадат руски пандан на популарната социјална мрежа што ја сакаат нашите сонародници“, напиша Александар Зобов, еден од луѓето што ја градат апликацијата, користејќи ја социјалната мрежа ВКонтакте, објави Ројтерс.

Проектот беше најавен само неколку дена откако Русија го блокираше пристапот до Инстаграм и повика компанијата Мета, (компанија-мајка на Фејсбук) да биде означена како „екстремистичка“ група, откако од Мета најавија дека ќе дозволат повици за насилство врз руските војници.

Не само тоа, туку Русија уште пред да почне војната работи на создавање на сопствен „расцепен интернет“ кој ќе функционира одвоено од западниот свет, објави Политико. Зголемениот притисок на технолошките компании врз земјата може само да го забрза тој процес.

Поврзани содржини