РУСИТЕ БЕСНИ ЗА НАПАДОТ НА МАНАСТИР Захарова порача дека тоа е дивјачка постапка на киевскиот режим

Украинската безбедносна служба (СБУ) и полицијата вчера рано наутро извршија рација во илјада години стариот комплекс Киевско-Печерска Лавра како дел од операцијата за спречување на „субверзивни активности на руските специјални служби", објави СБУ.

230

Руското Министерство за надворешни работи денеска ја критикуваше Украина поради, како што соопшти, „безбожниот, дивјачки и неморален” напад врз манастирот на православната црква во Киев.

Украинската безбедносна служба (СБУ) и полицијата вчера рано наутро извршија рација во илјада години стариот комплекс Киевско-Печерска Лавра како дел од операцијата за спречување на „субверзивни активности на руските специјални служби”, објави СБУ.






Манастирот е седиште на рускиот огранок на Украинската православна црква, која потпаѓа под Московската патријаршија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека нема оправдување за рацијата и го спореди „киевскиот режим” со прославите на Бахус, римскиот бог на виното чие име во Русија често се поврзува со неморално однесување и хаос.

– Тоа е некаква безбожна баханалија. Нема оправдување или објаснување за тоа, а не може ни да има – изјави таа за радио Спутник.

– Ова е уште една апсолутно неморална и варварска акција на режимот во Киев – одаде Захарова.

Руската православна црква во вторникот соопшти дека рацијата на манастирот е „чин на заплашување”.

Поврзани содржини