Русите барале спас од ковид-19, а откриле лек за рак

Резултатите од истражувањето на научниците од Одделот за хемија и фармакологија на Севернокавкаскиот федерален универзитет (НКФУ) се објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија“ (Organik end Biomolekular Kemistri).

902

Руските научници барајќи активно соединение во борбата против коронавирусот открија супстанца што потенцијално може да се користи за лекување на рак на невробластом.

Откритието е направено во соработка со американските колеги.






Резултатите од истражувањето на научниците од Одделот за хемија и фармакологија на Севернокавкаскиот федерален универзитет (НКФУ) се објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија“ (Organik end Biomolekular Kemistri).

„Истражувачите ја опишаа синтезата на материјата која ќе му помогне на човештвото во борбата против невробластомот, еден од најопасните типови на канцер. Хемичарите на почетокот трагаа по соединение кое ќе им даде резултати  во борбата против ковид-19, но се покажа дека антималигната активност на овие супстанци е многу поголема“, се наведува во соопштението на НЦФУ, пренесено од Тасс.

Методата користена во ова истражување се нарекува „реакцијата на Аксен“ и е откриена во 2010 година.

Поврзани содржини