РУСИНОТ И УКРАИНЕЦОТ СЕ ГУШНАА „Сребрениот“ Абраменко доби честитки од „бронзениот“ Буров (ФОТО)

Абраменко една од првите честитки ги доби од Русинот Илја Буров кој стигна до бронзениот медал.

1,305

Украинската репрезентација го освои првиот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг.

На денешните натпревари во скијање слободен стил, Александар Абраменко, освои сребро во акробации и им ја донесе на Украинците првата награда на Игрите.






Абраменко една од првите честитки ги доби од Русинот Илја Буров кој стигна до бронзениот медал.

Претходно, раководството на Министерството за спорт на Украина им препорача своите спортисти и тренери на Олимпијадата во Пекинг да не стојат покрај Русите кога тие во раце го држат знамето на Рускиот олимписки комитет.

Сепак, денешниот гест на двајцата спортисти покажа дека во спортот и Олимпијадите нема место за политиката.

Поврзани содржини