📽️ РУСИН ГО РАЗНЕЛ ШТАБОТ, ПА ИЗБЕГАЛ ВО КИЕВ! Објавени снимки од акцијата, фрлил бомба под креветот на комнадирот

Војникот во своето сведочење рече дека се разочарал од таканаречената „специјална воена операција“ на Русија откако бил сведок на, како што рече, „систематска војна и злосторства како што се егзекуции без судење, тепање и изнуда“ врз цивили и војници.

1,666

Руски војник го разнел штабот на својата единица, а потоа пребегнал во Украина. На прес-конференцијата тој објасни како го направил тоа, пренесува Киев пост.

Војникот, кој бил пилот на беспилотно летало во неидентификувана јуришна единица „Бура З“, бил идентификуван само со повикот „Силевер“. Тој во своето сведочење рече дека се разочарал од таканаречената „специјална воена операција“ на Русија откако бил сведок на, како што рече, „систематска војна и злосторства како што се егзекуции без судење, тепање и изнуда“ врз цивили и војници.






Тој рече дека контактирал со Руската Легија на слободата, паравоена група со седиште во Украина, формирана од руски граѓани кои се противат на режимот на Владимир Путин и неговата инвазија на Украина, на почетокот од оваа година. Планот се смислувал неколку месеци, а кога се било усовршено, „Силвер“ ја искористил можноста да избега. Тој тврди дека гранатата ја фрлил во отворот за вентилација на подрумот што го користела руската единица како штаб, каде што спиеле командантот и другите руски офицери.

– Во подрумот имаше околу 15 луѓе. Цевката во собата беше директно над креветот каде што спиеше командирот. Тој излезе на улицата до влезот, а ние фрливме граната или две во таа цевка – тој рече.

Тој ја искористил конфузијата што настанала за да избега по однапред договорена рута што го водела низ линијата на фронтот до територијата контролирана од Украина, пишува Киев пост.

 

Поврзани содржини