РУСИ И УКРАИНЦИ СЕ ТЕПАЛЕ ВО ХОТЕЛ Фудбалерите направија хаос, реагирала турската полицијата (ВИДЕО)

Двата клуба излегоа со спротивно различни соопштенија за причината поради која дојде до физичка пресметка меѓу играчите.

1,403

Нов хаос во Турција, по разорните земјотреси и проблемите со кои се соочува оваа земја. Руски и украински фудбалери се степале во хотел во Турција. Настана вистинска катастрофа, прво се појави видеото од инцидентот, по што стигна и соопштението oд двата клуба.

Во прашање се играчите на рускиот клуб Шинјик и на украинскиот Минај. Најпрвин рускиот тим излезе со соопштение во кое наведе дека „Украинците направиле проблем и дека фудбалерите скокнале да одбранат соиграч кој бил нападнат и претепан во лифтот“, и додаваат дека клубот решил да си замине по сето тоа од хотелот.






После тоа, тимот од Украина излезе со официјална изјава и потврди дека дошло до физичка пресметка.

– Причина за тепачката беше страшното однесување на играчите од рускиот тим кон вработените во хотелот и провокативните извици упатени до играчите на нашиот тим. Тие лажат, тврдат дека нападнавме еден од нивните играчи во лифтот и бил приндуден да ја пее украинската химна, тоа е измислица. Тепачката се случи на катот каде што беа Русите и бевме побројни. Кога заврши тепачката, руските играчи останаа да се тепаат меѓу себе, полицијата мораше да интервенира и да се смири долу Русите – велат од украинскиот клуб.

– Вчера, на 13 февруари, во хотелот Ројал Сигунас во Турција се случи тепачка во која учествуваа претставници на Минај и на Шиник – пишува во дел од објавите на социјалните мрежи, каде што се појави и видеоснимка од настанот.

 

Поврзани содржини