Русија жестоко ѝ одговори на Италија: Вашите критики се цинични, неморални и бесчувствителни!

Нашите воени лекари и медицински сестри секојдневно ризикуваат, за разлика од оние кои ја проценуваат ефикасноста на нашата работа, напишал Антонов.

1,100

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов истакна дека критиките на сметка на руската помош за Италија против Ковид-19 се неосновани, неморални и цинични. Тој ова го напиша на Фејсбук откако Италијанците се пожалија дека дури 80 отсто од руската помош е бескорисна.

„Неодговорната критика и недовербата во помошта што Русија ѝ ја дава на Италија е цинична, неморална и бесчувствителна кон луѓето што се борат за живот. Нашите воени лекари и медицински сестри секојдневно ризикуваат, за разлика од оние кои ја проценуваат ефикасноста на нашата работа“, напишал Антонов.

Поврзани содржини