РУСИЈА ВО ВОЈНА СО КРИТИЧАРИТЕ Ќе се конфискува имотот на секој што шири „лажни вести“ за армијата

Мерката ќе важи и за оние кои се прогласени за виновни за „дискредитација“ на руските вооруженисили, за оние кои бараат санкции против Русија и за оние кои се прогласени за виновни за поттикнување екстремистичка активност.

207

Долниот дом на рускиот парламент даде конечно одобрување на новиот закон кој ќе им овозможи на властите да го конфискуваат имотот на луѓето осудени за намерно ширење лажни вести за војската. Државната Дума го одобри законот во третото и последно читање, објави претседателот на Долниот дом, Вјачеслав Володин на својот официјален канал на Телеграм.

Мерката ќе важи и за оние кои се прогласени за виновни за „дискредитација“ на вооружените сили, за оние кои бараат санкции против Русија како и за оние кои се прогласени за виновни за поттикнување екстремистичка активност.






Новиот закон, кој допрва треба да биде одобрен од Горниот дом на рускиот парламент и од претседателот Владимир Путин, ќе и овозможи на државата да ги заплени имотите на Русите кои ја напуштија земјата и ја критикуваа војната во Украина и продолжуваат да се потпираат на приходите од изнајмување на нивните домови или станови во Русија.

Поврзани содржини