РУСИЈА УСПЕШНО ЈА ЛАНСИРАШЕ „ЦИРКОН“ Хиперсонична ракета, 9 пати побрза од звукот, која погоди цел оддалечена 400 километри! (ВИДЕО)
Пукањето е извршено од Белото Море на морска цел лоцирана на оддалеченост од 400 километри. Пукањето беше успешно - целта беше погодена.Пукањето е извршено од Белото Море на морска цел лоцирана на оддалеченост од 400 километри. Пукањето беше успешно - целта беше погодена.
Русија успешно тестираше уште една хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“ на Артикот.
Екипажот на Северната флота „Адмирал Горшков“ во рамки на последниот циклус на тестирање на хиперсоничното ракетно оружје, реализираше уште едно гаѓање на ракетата „Циркон“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Пукањето е извршено од Белото Море на морска цел лоцирана на оддалеченост од 400 километри. Пукањето беше успешно – целта беше погодена.
„Циркон“, ракетата која е деветпати побрза од звукот, првпат беше официјално лансирана во октомври 2020 година, што претседателот Владимир Путин го нарече голем настан.
Потоа следеа и други тестови, особено од фрегатата „Адмирал Горшков“ и нуклеарната подморница.