РУСИЈА УЦЕНУВА СО ГАСОТ Фон дер Лајен најавува алтернатива за рускиот гас

Во тек состанок на координативната група за гас на ЕК за да се утврди координирана реакција на ЕУ.

67

Одлуката на Русија да престане да испорачува гас за клиентите во Европа е „инструмент за уцена“, изјави шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Потегот е „неоправдан и неприфатлив“ и ја покажува несигурноста на Русија како снабдувач со гас – додава таа.






Фон Дер Лајен рече дека земјите-членки на ЕУ имаат планови за вонредни ситуации за вакво сценарио и оти Европската комисија е во близок контакт со нив за да обезбеди алтернативни испораки и најдобри можни нивоа на складирање низ целата Унија.

Таа информира дека е во тек состанок на координативната група за гас за да се утврди координирана реакција на ЕУ.

– Ние, исто така, ќе продолжиме да работиме со меѓународните партнери за да обезбедиме алтернативни текови – и ќе продолжам да работам со европските и светските лидери за да се обезбеди безбедност на снабдувањето со енергија во Европа. Европејците можат да сметаат на нашата целосна поддршка – рече Фон Дер Лајен.

Поврзани содржини