РУСИЈА УАПСИ 3.500 ДЕМОНСТРАНТИ ПРОТИВ ВОЈНАТА Украина зароби стотици руски војници

447

Околу 5.200 луѓе учествуваа на забранетите протести во Москва, Санкт Петербург и во други региони на Русија, поради што беа приведени повеќе од 3.500 луѓе. Ова денеска за ТАСС го соопшти официјалната претставничка на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.

– Во Москва демонстрираа 2.500 луѓе, приведени се 1.700. Во Санкт Петербург бројот на учесници беше приближно 1.500, од ​​кои 750 беа приведени. Во другите региони, вкупно 1.200 луѓе учествуваа на протестите за кои немаше дозвола, а 1.061 беа приведени – рече таа.






Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили заробиле стотици руски војници, пренесува ДПА.

„Стотици, стотици затвореници. Меѓу нив има и пилоти на авиони кои ги бомбардираа нашите градови. Нашите цивили“, рече Зеленски во видео пораката објавена денеска на Телеграм.

ДПА посочува дека информацијата не можела да се потврди од независни извори.

Обраќајќи им се на Украинците, Зеленски рече: Се бориме каде ќе биде границата. Помеѓу животот и ропството.

Украинскиот претседател уште еднаш им се обрати на луѓето во Русија: Граѓаните на Руската Федерација токму сега го прават истиот избор. Во овие денови. Во овие часови. Помеѓу животот и ропството.

 

Поврзани содржини