РУСИЈА ТРГНУВА ВО МИРОВНА МИСИЈА? Путин се огласи за конфликтот во Израел

Рускиот претседател посочи дека за таа намена може да оживее работата на „Квартетот за Блискиот Исток“ која ги вклучува ОН, Русија, САД и ЕУ.

736

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека Русија може да „придонесе во мировниот процес“ кога станува збор за конфликтот меѓу Израел и Палестинците предводени од Хамас.

– Па зошто да не? Имаме многу стабилни деловни односи со Израел – и пријателски односи со Палестина со децении – рече Путин во вчерашната изјава.






Рускиот лидер, исто така, посочи дека за таа намена може да оживее работата на „Квартетот за Блискиот Исток“ која ги вклучува ОН, Русија, САД и ЕУ.

Во исто време, тој истакна дека конфликтот сега е во невидена акутна фаза.

– Жестокоста е толку голема што вакво нешто, мислам, не гледаме никаде на друго место – рече рускиот претседател.

Поврзани содржини