РУСИЈА СОБОРИ УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАСОЧЕНИ КОН МОСКВА Ова е најголемиот обид за напад врз главниот град со беспилотни летала, изјави Собјанин

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додаде дека „ова е еден од најголемите обиди да се нападне Москва со беспилотни летала“.

942

Руската противвоздушна одбрана собори 11 украински беспилотни летала насочени кон Москва, што е „еден од најголемите“ такви напади досега врз главниот град“, соопштија официјални лица, пишува Гардијан.

„11 беспилотни летала се уништени над Москва и нејзиниот околен регион“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.






Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додаде дека „ова е еден од најголемите обиди да се нападне Москва со беспилотни летала“.

Собјанин во претходна објава рече дека не се пријавени штети или жртви.

Нападите со беспилотни летала врз Москва се ретки, при што Русија во мај соопшти дека соборила беспилотно летало надвор од главниот град, принудувајќи да се воведат ограничувања на два главни аеродроми во градот за помалку од еден час.

Украина постојано ги гаѓаше нафтените и гасните објекти во Русија од почетокот на конфликтот во 2022 година, на неколку стотици километри од нејзините граници, напди кои ги нарече „фер“ одмазда за нападите врз нејзината енергетска инфраструктура.

Украински дронови нападнаа складиште за нафта во јужниот руски регион Ростов во неделата, предизвикувајќи голем пожар.

Поврзани содржини