РУСИЈА СОБОРИ 105 УКРАИНСКИ ДРОНОВИ, 35 ЛЕТАЛЕ КОН МОСКВА Аеродромите во главниот град биле затворени поради нападот

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека итните служби биле упатени на местата каде што паднале делови од соборените беспилотни летала.

204

Руските сили во текот на ноќта соборија 35 украински дронови кои летаа кон Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Од синоќа во 21:00 часот до 0:00 часот, системите за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа вкупно 105 украински дронови, од кои 35 летаа кон главниот град на Русија“, се наведува во соопштението.






Поради нападите, московските аеродроми беа привремено затворени.

Градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин, изјави дека итните служби биле упатени на местата каде што паднале делови од соборените беспилотни летала.

Поврзани содржини