Русија следната година ќе испитува лек за ковид-19 базиран на антитела

Институтот кој ја создаде вакцината Спутник ќе го развива лекот користејќи неколку технологии истовремено.

211

Русија следната година ќе почне со тестирање на антитела врз пациенти со ковид-19, изјави Александар Гинтсбург, првиот човек на московскиот Институт „Гамалеја“, во кој се разви првата вакцина против коронавирусот „Спутник V“.

Директорот на „Гамалеја“ изјави дека се надева дека веќе следната есен ќе почнат испитувањата за новиот лек базиран на антитела, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на руските агенции.






– Се надевам дека од есен ќе почнат клиничките испитувања – рече Гинтсбург.

„Треба да го развиеме овој лек користејќи неколку технологии истовремено, што е нешто што во моментов се прави“, додаде тој.

Русија побара од пациентите со Ковид-19 да донираат крвна плазма, која е богата со антитела, а ќе им помогне во нивните истражувања.

Поврзани содржини