Русија регистрира нова вакцина против ковид-19
Вентарот „Шумаков“ тврди дека резултатите од клиничките истражувања покажуваат дека оваа вакцина е апсолутно безбедна.
Рускиот Научен центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки препарати „Шумаков“ при руската Академија на науките подготви вакцина против ковид-19, од која во рок од 28 дена се развива имунитет на вирусот, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова на прес-конференција.
– Резултатите од клиничките истражувања покажаа дека оваа вакцина е апсолутно безбедна. Повеќето волонтери во рок од 28 дена по вакцинирањето развија одржлив имунитет на ковид-19 – истакна Голикова.
Таа најави дека центарот „Шумаков“ в среда ќе поднесе барање за регистрација на вакцината до руското Министерство за здравство.