РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ПО ЗЕЛЕНСКИ Се бара украинскиот претседател

394

Руското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека распишало меѓународна потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во базата на податоци на веб-страницата на Министерството се наведува дека Зеленски се бара во врска со член од кривичниот законик на Руската Федерација, но не се прецизира по кој член.






Фотографијата на Зеленски и неговите податоци се објавени на веб-страницата, но не се објавени повеќе детали.

Поврзани содржини