РУСИЈА ПРВПАТ ГО УПОТРЕБИ НОВИОТ ДРОН „ЧЕРНИКА“ ЗА НАПАД ВРЗ ХАРКОВ Какво е ова беспилотно летало?

Според градоначалникот на Харков, Игор Терехов, во текот на последната недела градот бил цел на 16 напади, при што најчесто биле употребувани дронови од типот „Шахед“, но овојпат биле забележани остатоци од нов вид дрон – „Черника“.

850

Новоразвиен дрон од руско потекло, со назив Черника („Боровинка“), бил употребен за првпат во напад врз украинскиот град Харков, информира градоначалникот на градот, Игор Терехов, преку Телеграм, објави Украинска правда.

Според Терехов, градот Харков бил нападнат 16 пати во изминатата седмица. Најчесто биле користени дронови „Шахед“ но овој пат биле регистрирани траги од нов модел – „Черника“.






Градоначалникот наведе дека дронот има слична експлозивна моќ како моделот Молнија, но со поинаков дизајн. Во последниот напад, биле оштетени повеќе возила во гаражен комплекс.

Претходни извештаи укажуваат дека Русија веќе го користела дронот „Черника“ во други напади, но ова е првпат овој модел да биде регистриран во напад врз Харков.

Што е дронот „Черника“ и како се разликува од другите беспилотни летала?

Ударните дронови „Черника“, се способни да погодат цели на далечина до 100 километри, а овие беспилотни летала им се испорачуваат на воените единици во две верзии:

Черника-1 – лесен ударен дрон со боева глава од 0,7 килограми, наменет за уништување жива сила.

Черника-2 – поголем модел со боева глава од 2,5 килогарами, дизајниран за уништување бункери, утврдени позиции и лесно оклопни возила.

Во суштина, Черника-2 е зголемена верзија на Черника-1. Двете верзии се изработени според т.н. „летачко крило“ и се отпорни на електронска војна (EW). Черника-2 има распон на крилја од 2,2 метра, лета автоматски до целта, а операторот презема контрола само при самото погодување. Максималната висина на лет со полн товар е до 1 километар, а крстосувачката брзина е 60 километри на час. Се лансира со катапулт или рачно, се наведува во анализата на Топ вор.

Како дополнителна информација се наведува дека дронот Черника-2 има поголема отпорност на електронски контрамерки. Лета кон целта во автоматски режим, но за прецизност при удар, управувањето се презема рачно од оператор во завршната фаза на летот.

Поврзани содржини