Русија протерува и казнува непослушни Кинези
Генерално ги проверуваме сите оние кои го користат јавниот превоз - рекол градоначалникот.
Десетина кинески туристи се протерани од Москва, а стотина се казнети затоа што не ја почитувале мерката за изолација, изјави московскиот градоначалник Сергеј Собјањин.
– Казнети се стотина, а протерани се десетина кинески туристи. Тоа беше сосема доволно за да сфатат дека во овој период не смеат да се шегуваат, туку сите треба да се наоѓаат во изолација – рекол Собјањин.
Тој истакнал и дека е донесена одлука за следење на превозот на кинеските државјани.
– Генерално ги проверуваме сите оние кои го користат јавниот превоз – рекол градоначалникот.
Заменик-градоначалничката Анастасија Ракова уште во февруари изјави дека од Москва се депортираат 88 странци поради кршење на мерките за изолација воведени поради коронавирусот.
Според последните податоци, вкупниот број заразени во Русија изнесува 10.131, починати се 76 луѓе, а оздавени се 698 лица.