РУСИЈА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЗАКАНАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ИЗРАЕЛ НЕ Е КРАТКОРОЧНА Ги повика руските граѓани да ја напуштат земјата

Амбасадата им препорачува на сите руски граѓани кои се во Израел да ја напуштат земјата додека не се нормализира ситуацијата.

894

Амбасадата на Русија во Израел им советуваше на руските граѓани да ја напуштат земјата додека не се нормализира ситуацијата, бидејќи заканата по нивните животи и здравје во сегашните услови „во никој случај не е краткорочна“, изјави амбасадорот Анатолиј Викторов.

– Ситуацијата е напната, морам искрено да признаам. А заканата по животите и здравјето и на дипломатите и на руските граѓани кои се во Израел во никој случај не е краткорочна. Амбасадата им препорачува на сите руски граѓани кои се во Израел да ја напуштат земјата додека не се нормализира ситуацијата тука – изјави Викторов за телевизијата „Росија-24“.






Амбасадата на Швајцарија во Иран, која ги застапува американските интереси од 1979 година, вчера соопшти дека ќе остане привремено затворена до понатамошно известување поради тековниот конфликт во регионот.

Поврзани содржини