РУСИЈА ПОДГОТВУВА КОНТРА МЕРКИ Санкциите кон САД ќе бидат проверени и чувствителни
Нема сомнеж дека ќе биде даден силен одговор на санкциите, не нужно симетричен, туку проверен и чувствителен за американската страна, велат од руското МНР.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија ќе даде силен и сензитивен одговор на американските санкции.
– Нема сомнеж дека ќе биде даден силен одговор на санкциите, не нужно симетричен, туку проверен и чувствителен за американската страна – велат од руското МНР.
Министерството соопшти дека Вашингтон вовел нова рунда санкции со цел „да го промени курсот на Русија“.
– Русија докажа дека, со сите трошоци поврзани со санкциите, способна е да ја минимизира штетата. И уште повеќе, притисокот од санкциите не може да влијае на нашата решеност цврсто да ги браниме нашите интереси – се вели во соопштението од руското МНР.