РУСИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА МИРОВЕН ДОГОВОР Захарова го најави меморандумот, го прозва и Киев

Портпаролката на руското МНР вели дека европските сојузници на Украина се обиделе да го спречат директниот дијалог помеѓу Москва и Киев, но според неа, тие не успеале во тоа.

357

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија нема да се покори на никакви ултиматуми од Европската унија, коментирајќи ги новите санкции на ЕУ против Москва.

– Русија никогаш нема да се покори на никакви ултиматуми. Јасно е дека Европа сака да ја вооружи Украина за да ја продолжи војната – рече Захарова.






Во своето обраќање, таа се осврна и на вчерашниот телефонски разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, при што било истакнато дека Москва е подготвена на соработка со Украина околу подготовка на меморандум кој би претставувал основа за идниот мировен договор.

– Украина мора да одлучи дали сака да учествува во разговорите за меморандумот кој ќе претходи на евентуалниот мировен договор, предложен од Москва – изјави Захарова.

Таа додаде дека европските сојузници на Украина се обиделе да го спречат директниот дијалог помеѓу Москва и Киев, но според неа, тие не успеале во тоа.

– Се надеваме дека Украина ќе заземе конструктивен став за предложените преговори – поради сопственото самоодржување. Сега, топката е во дворот на Киев – порача портпаролката на руското МНР.

Поврзани содржини