Русија: Под медицински надзор се околу 10.000 лица
Од 15.000 лица кои ги надгледувавме, 10.000 остануваат под надзор, додека 5.000 успешно го поминаа овој период. Тие се тестирани и се целосно здрави, рече Попова.
Околу 10.000 до 15.000 регистрирани лица, кои биле во контакт со пациенти заразени со коронавирусот, се ставени под медицински надзор, изјави денеска шефицата на Руската санитарна служба, Ана Попова.
– Од 15.000 лица кои ги надгледувавме, 10.000 остануваат под надзор, додека 5.000 успешно го поминаа овој период. Тие се тестирани и се целосно здрави, рече Попова.
Таа додаде дека Русија го смени алгоритамот на откривање на вирусот и дека го зголеми бројот на лаборатории кои вршат тестови.
Во Русија има 1.036 заразени со Ковид-19, три смртни случаи, додека 45 лица се излекувани.